Борисов со победа во Бугарија, социјал-демократите блиску до Меркел во Германија

Од:

Партијата Граѓани за европска Бугарија на екс-премиерот Бојко Борисов однесе победа на изборите за Европски парламент во Бугарија, додека Паритјата на социјал-демократите опасно се приближи до демохристијанската коалиција “ЦДУ/ЦСУ” на германската канцеларка Ангела Меркел на изборите во Германија.

Како што јавува дописникот на МИА од Брисел, ова се првите неофицијални резултати што Европскиот парламент ги објави синоќа по трите дена гласање на нешто над 400 милиони гласачи во 28-те земји-членки на Европската унија за новиот, 751-член состав на Европскиот парламент.

Во Германија, земја што во идниот состав од 751 член на Европскиот парламент ќе има најмногу, 96 места, партијата на канцеларката Ангела Меркел според последните информации, од излезени речиси 50 проценти, со 35,7 освоени отсто гласови се претпоставува дека ќе добие 35 места во Европарламентот. Социјалистичката партија (СПД) засега е на 27 проценти или исто толку европратеници, а следуваат “зелените” со 11 пратеници и други помали партии. Зад Германците, најмногу европратеници ќе има Франција (74), при што таму според последните информации води Националниот фронт на ултра-десничарската Марин Ле Пен со 24,4 освоени гласови од сите излезени. Зад ултрадесничарите, според проценките, во Франција најмногу освоија Радикалната левичарска партија (ПРГ) со 14,2 освоени гласови од излезените.

Во Бугарија, според конечните резултати, партијата Граѓани за европска Бугарија (ГЕРБ) на Бојко Борисов, освои шест од 17-те места што ги има нашио источен сосед во Европарламентот. Зад партијата на Борисов, со пет европратеници е Бугарската социјалистичка партија (БСП), која е и владеечка партија во Бугарија, Партијата ДПС на Турците освои три европратеници, додека изненадувачки, новоформираната партија „Бугарија без цензура” на новинарот Николај Бареков освои два европратеници, а реформистите само еден. Она што не е позитивно за Македонија е што докажаните анти-Македонисти во Европарламентот, бугарските европратеници Андреј Ковачев и Евгени Кирилов, и во наредните пет години ќе бидат дел од европскито законодавен дом.

На Кипар, пак, демохристијанската партија Демократскиот собир и Комунистичката партија (АКЕЛ) освоија по два европратеници, додека Зелената партија и Демократската партија по еден од вкупно шесте европратеници што оваа мала островска земја ги има на располагање.

Од Грција, засега се уште нема некакви резултати за исходот од европските избори. Но, затоа, Народната партија на Австрија со 27,3 отсто од гласовите, како и Социјалдемократската партија со 23,8% и Партијата на слободата со 19,5 проценти од освоените гласови се победници на евроизборите во Австрија. Каде свое место во Европарламентот, каде Австрија ќе има вкупно 19 места, освоија и “зелените” со 15,1 проценти од гласовите и партијата “Нова Австрија” со 7,9 отсто.

Националната коалиција однесе победа, освојувајќи пет европратенички места во Финска, пред Партијата од центарот со три, социјал-дмеократите со две, исто колку и Финската партија, додека левичарите и “зелените” завршија со по еден европратеник.

Засега, ова се неофицијалните резултати кои пристигаат во базата на Европскио парламент во Брисел, но првите официјални резултати се очекуваат да бидат објавени по 23 часот.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Бојко Борисов ја повлече кандидатурата за премиер на Бугарија: Не сакам веќе да се занимавам со оваа уништена држава

Катерина Ѓуровски

Пратениците во новиот бугарски парламент не се договорија за претседател

Борисов: Победата на ГЕРБ-СДС е дефинитивна, се обврзавме да формираме влада

Бугарите викендов одат на седми предвремени избори во последните четири години, неизвесно е кој ќе биде иден мандатар

„Еуроњуз“: Зошто обновените тензии со соседите ја закочија Северна Македонија во ЕУ?