Кејт Мидлтон и британскиот принц Вилијам чекаат дете, пишува американскиот веб сајт HolivudLajf, кој го прати животот на познатите личности.
Анонимни пријатели на кралскиот пар, за HolivudLajf изјавиле дека Кејт и Вилијам се пресреќни поради приновата која ја очекуваат.
Според информациите на холивудските џет-сет медиуми, Кејт се надева дека ќе роди ќерка која би го добила името Дајана, во чест на настраданата мајка на Вилијам.
HolivudLajf пишува дека таквата одлука би ја шокирала британската кралица Елизабета, поради лошите односи кои ги имаше со Лејди Ди.