Папата пристигна во Израел по посетата на Јордан и Западниот Брег

Од:

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Францико пристигна денеска во посета на Израел, по посетата на Јордан и Западниот Брег на вториот ден од неговата тридневна турнеја низ Светата земја.

За папата на меѓународниот аеродром Бен Гурион, покрај Тел Авив беше организирана државна церемонија и тој беше поздравен од претседателот на Израел, Шимон Перес.

– Во името на еврејскиот народ и во името на целиот народот на Израел ве поздравувам со со векови старите зборови од Книгата на псалмите: Дојродојдове во името на Бога. Добродојдовте на портите на Ерусалим, изјави Перес при пречекот на папата.

Перес го пофали папата, кој претходно во Витлеем го повика него и палестинскиот претседател Махмуд Абас да дојдат во Ватикан во јуни и заедно да се молат за мир.

– Донесовте со себе прекрасни вести и надеж за сите. Ја носите пораката за братство меѓу луѓето и пријателство за сите. Ништо не збогатува повеќе, отколку љубовта кон човештвото, рече Перес.

Пред пристигнување во Израел, папата се состана со децата од палестинскиот бегалски камп Дехејше и ги слушнал нивните проблеми.

Папата денеска ќе се состане со вселенскиот патријарх Ватроломеј Први во Ерусалим со што ќе одбележи пет децении од историскиот самит на нивните претходници, со кои почнало приближувањето на римокатоличките и православните христијани.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Израелски напад во центарот на Бејрут, четворица мртви и десетици повредени

Катерина Ѓуровски

Трудо: Канада ќе ја почитува пресудата на Меѓународниот кривичен суд за Нетанјаху, Галант и Ал Масри

Бејрут и денеска е цел на израелската армија

ОН: Израелските доселеници протераа повеќе од 1.720 Палестинци од Западниот Брег

Бајден: Издавањето налог за апсење на израелски лидер е срамота

Горан Наумовски

Најмалку 47 лица загинаа, а 22 се ранети во израелски напад врз Балбек-Хермел во Либан