Изложба на Сергеј Андреевски на чествувањето на св. Методиј Солунски во Германија

Од:

Во рамките на традиционалното, 44-то чествување на св. Методиј Солунски, во градската галерија на Елванген, Германија, вчера беше отворена самостојна изложба на македонскиот уметник Сергеј Андреевски, на која се поставени 22 дела од неговите последни циклуси: „Цвеќулиња” и „Златниот Феникс”.

Градоначалникот Карл Хилсенбек на  отворањето на изложбата рече дека градот Елванген е почестен што уметник од калибар на Андреевски изложува свои дела во рамките на манифестацијата по повод денот на светите Кирил и Методиј.

– Ѕидовите на општинската зграда се сменија, тие биле домаќини на многу изложби, но не и на олку силна изложба, истакна меѓу другото градоначалникот на Елванген пред публиката, во која беа и официјални делегации на Германија, Словачка, Чешка и Бугарија, a се обрати и амбасадорката на Република Македонија во Берлин Корнелија Утевска-Глигоровска.

Таа, како иницијатор за ова претставување на Андреевски, истакна дека идејата за проектот е од пред две години, кога поставката „Цвеќулиња“ беше успешно промовирана во Берлин.

Со овој проект, Македонската амбасада во Берлин се приклучи кон големото чествување на светите браќа Кирил и Методиј.

Токму во Елванген, св. Методиј Солунски бил заточен од страна на германските свештеници кои се противеле на неговата мисија за ширење на православната вера и словенската писменост во Моравија.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска