Масовна кражба на кајчиња се случува во Охридското езеро велат за А1 сопствениците на пловни објекти. Тие се сомневаат дека најголем дел од нив завршуваат на другата страна од езерото во соседна Албанија, но и на другите езера во Македонија и во некои од отпадите за старо железо. Се крадат и пенти, акумулатори , гориво и друга опрема. Штетите кои ги трпеле биле големи, бидејки цената на едно кајче се движела од 500 до 2000 евра. На мета најмногу биле пловните објекти сместени покрај градскиот кеј, во каналот Биљанини извори и во Пештани.
„За кајчиња со камиони товарат и со камиони ги носат. А секој ден некој си го бара кајчето.Постојано ли се случуваат кражби? Да , да. Ми ја искршија вратата, алатот ми го украдоа. Церадите ми ги исекоа намерно, прозорците ми ги искршија. Пред недела дена се обидоа вратата да ја искршат, не успеле. По четврти пат сум оштетен“, рече Димитри Чекреџиоски сопственик на пловни објекти.
Пред десеттина дена на еден од сопственици на кајчиња му биле украдени пента, гориво и му била направена штета од околу 2000 евра.
„Што можеле украле, што ќе стигнат тоа. Ќе ми ги украдат појасите, акумулаторот, алатот. Ќебињата ми ги украдоа. Првиот пат кога ми ги искршија прозорците три дена не идев на работа имав многу штета. Имаме полиција но зошто се. Ако одам таму немаме ингеренција со вас, имате капетанија“, вели Чекреџиоски
„Секаде има кражби. По цела Македонија има кражби.Не се само кајчињата. По куќи по банки влегувааѕ. Арамиите работат“, вели друг сопственик на кајче.
Од Охридската капетанија која е надлежна за Охридското езеро не успеавме да добиеме одговор дали има некој што ги штити пловните објекти. Сопствениците бараат од државата да ги заштити, а со соседна Албанија да биде потпишан договор за враќање на пловните објекти кои ќе бидат видени или најдени на другата страна од езерото. Во 2012 година според МВР биле пријавени 6 кражби на метални кајчиња.
Мики Трајковски