Нови поплави: Дел од Гроцка под вода

Од:

Иако вонредната состојба во Србија е укината, опасноста од поплави се уште е можна. Селото Заклопача во Гроцка, ноќеска го зафати вода, за која населението тврди дека дошла одеднаш.

Четириесетгодишен жител од Заклопача вели дека по едночасовен обилен дожд , водата се излеала од каналот и го поплавила целото село.

-Немаме струја, повикавме полиција и пожарникари кои веднаш пристигнаа, но речиси цел час не беа во состојба да се пробијат до населението поради водата, која достига метар и половина.Триесетина сантиметри вода има во моето домаќинство, целиот подрум е поплавен, вели тој и додава дека пред неколку дена побарале од комисијата на општина Гроцка да ја санираат штетата на каналот во нивното село, бидејќи бил оштетен од поплавите кои го зафатија, но како што тврди добиле само ветување и цела недела никој од надлежните не се појавил на терен.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања