Над 250 лица повредени во силниот земјотрес во Егејско Море

Од:

Во силниот земјотрес со интензитет од 6,4 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди крајбрежното подрачје на северот на Грција, а се почувствувал во Турција, Бугарија, Македонија и на југот на Србија, повредени се над 250 лица во Турција, и едно лице во Грција, соопштија локалните власти.

Службата за вонредни состојби во Турција соопшти дека 266 лица се повредени, повеќето во паника која уследила по потресот, во кој е оштетена и една болница.

Гувернерот на турската провинција Чанаккале Ахмет Чинар претходно изјави дека над сто луѓе на островот Гокчеда се хоспитализирани со помали повреди.

Според него, тие се здобиле со повреди кога во паника излегувале од своите згради, додека некои скокале од балконите.

Земјотресот оштетил неколку згради во провинцијата Чанаккале, вклучувајќи и две џамии.

Земјотресот оштетил и повеќе стари куќи на островот Гокчеда.

Повредено е и едно лице на грчкиот остров Лимнос, кога на аеродромот се урнал дел од таванот, соопшти полицијата.

Грчкиот премиер Андонис Самарас е во постојан контакт со министерот за внатрешни работи на Грција Јанис Микелакис кој се упатил на местото на потресот.

Припадници на војската се во состојба на готовност доколку биде потребно да пружат помош на локалното население.

Епицентарот на потресот, чија јачина изворно е проценета на 7,2 степени по Рихтер, а потоа намалена, се наоѓал на 77 километри југозападно од градот Александрополис, на брегот на Егејско Море, соопшти Американскиот геолошки завод.

Потресот се случил на длабочина од десет километри, околу 40 километри од границата со Турција.

Во деловите на западна Турција, каде од интензитетот на потресот се стресле зградите, луѓе во паника излегле на улиците.

Земјотресот се пичувствувал во Истанбул и во Измир на егејското крајбрежје.

Грција често ја погодуваат земјотреси. Во потресот со интензитет од 5,9 степени по Рихтер во 1999 година загинаа 143 лица.

Истанбул, од друга страна, се наоѓа во делот на Турција кој лежи на активниот Северноанадолиски расед, кој беше место на два силни земјотресот во 1999, во кој животот го загубија околу 17.000 лица.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит