Дел од центарот на Скопје утре без вода

Од:

Корисниците од улицата „Димитрие Чуповски“ до поранешното кино Вардар утре од 9:30 часот ќе останат без вода за пиење.

Прекинот во водоснабдувањето ќе биде поради отстранување дефект на улица „Даме Груев“ бб, а на тој потег улицата ќе биде затворена за сообраќај.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, прекинот во водоснабдувањето ќе трае се до отстранувањето на дефектот од страна на екипите на ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија

СДСМ бара јавно да се објави извештајот за водата во Гостивар