Возачот на Мерцедес, Нико Розберг ја оствари својата втора пол позиција сезонава откако имаше најдобро време на квалификациите за Големата награда на Монако. Во првиот ред ќе биде и неговиот клупски колега Луис Хамилтон.
Возачот на Ред Бул, Даниел Рикардо постигна трето време, а на четвртата позиција во стартниот грид ќе биде неговиот клубски колега, актуелниот шампион Себастијан Фетел. Во третиот ред ќе бидат позиционирани двата болида на Ферари, со Фернандо Алонсо и Кими Раиконен.
Белег на квалификациите беше и моментот кога Розберг излета од патеката и беше покажано жолто знаме, а Хамилтон беше на патеката и му се мереше круг за мерење.