Најмалку осум загинати во напад врз Парламентот во Сомалија

Од:

Во близина на сомалискиот Парламент во Могадишу денеска одекна силна експлозија, по што се слушнале истрели од оружје, соопшти полицијата и очевидци, наведувајќи дека во нападот на припадниците на радикалната исламистичка група „Ал Шабаб“, која се смета за сомалиски огранок на Ал каеда, има најмалку осум загинати.

Претставници наведуваат дека најмалку двајца пратеници се ранети и префлрени во болница. Една пратеничка успеала да побегне.

Се уште се слушаат пукотници од внатрешноста на зградата повеќе од еден час од почетокот на нападот и оти се уште не е сосема сигурно оти нападот е завршен.

Портпаролот на Ал Шабаб потврди дека групата е одговорна за нападот.

Би можело да ве интересира

Вооружени мажи киднапираа брод кај Сомалија, судбината на екипажот е непозната

Двајца американски морнари исчезнаа во близина на брегот на Сомалија

Насилство и вооружени конфликти во Сомалија, најмалку 36 мртви

Деца во Сомалија играле со граната што експлодирала, над 25 мртви

Ана Ололовска

Ал Шабаб првпат побара преговори со сомалиската Влада

Ана Ололовска

Американската армија убила шест милитанти на Ал Шабаб во Сомалија