Жерновски: Најдобро е вложувањето во образованието

Од:

Општина Центар додели 14 награди на најдобрите одделенски и предметни наставници и седум награди за најдобрите ученици од училиштата на нејзина територија.

Oпштина Центар смета дека доброто образование е услов за идни добри граѓани.

Nagradi_-_najdobri_ucenici_i_nastavnici_(2)

Критериумите за наградување ги определија и потврдија советите на секое од училиштата – најважни беа успехот, квалитетот, посветеноста и претходно освоените награди, се наведува во соопштението.

Nagradi_-_najdobri_ucenici_i_nastavnici_(5)

Свеченото доделување на наградите се одржа во основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци, беше одржан рецитал, а своите таленти ги покажаа повеќемина ученици од центарските училишта.

Nagradi_-_najdobri_ucenici_i_nastavnici_(3)

„Сметам дека она што ќе го вложиме денес во образованието, утре десет пати ќе ни се врати, дека наградените ученици и наставници ќе знаат да ги мотивираат и другите. Од сите вложување, најдобро е вложувањето во образованието. Критериумите за наградување ги воспоставивте самите“, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски..

Nagradi_-_najdobri_ucenici_i_nastavnici_(4)

Од општината најавуваат дека наградите ќе се доделуваат секоја наредна година.

Би можело да ве интересира

Герасимовски: Во центар сигурно победуваме

Починат маж е пронајден во стан во Скопје, истрагата е во тек

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски