Путин: Со Крим ја направивме вистинската работа

Од:

Рускиот претседател Владимир Путин истакна дека кризата во Украина прерасна во граѓанска војна од големи размери, обвинувајќи го при тоа Вашингтон дека го подржал отповикувањето на Јанукович.

-Укаринската криза се влоши поради тоа што Јанукович го одложи потпишувањето на договорот за асоцијација со Европската унија. Потоа следеше распад кој нашите американски пријатели го поддржаа, а како резултат настапи хаос и граѓанска војна од големи размери- изјави Путин на економскиот форум во Санкт Петербург, пренесе „Франс прес“.

Тој исто така застана во одбрана на присоединувањето на украинскиот полуостров Крим со Русија, додавајќи дека тоа се случи по демократко гласање за независност и дека на тој начин е спречена трагедија, која би била налик на онаа во Одеса, во која загинаа десетици промосковски активисти.

-Кога се работи за Крим нашиот став е јасен. Тие гласаа за отцепување, тоа е неспорен факт. Доколку не се случеше тоа ќе присуствуваме на трегедија, каква што видовме во други градови, како што беше во Одеса, каде што 50 лица живи беа запалени. Мислам дека ја направивме вистинската работа- заклучи Путин.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

(ВИДЕО) Авион се запали при слетување во Анталија, сите 79 патници се безбедно евакуирани

А1он

Доколку Сеул му испорача оружје на Киев, ќе следи одговор на Москва, велат од руското МНР

А1он

Уништени повеќе од десет руски дронови кои ноќеска го нападнаа Киев

А1он

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта