Европската унија и достави на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) дополнителни пет милиони евра за проширување на активностите на мисијата на Организацијата во Украина во врска со претседателските избори, кои ќе се одржат утре.
Со оваа сума финансиската поддршка на ЕУ за мисијата на ОБСЕ во Украина достигна десет милиони евра.
Европската комисија планира на 26. мај да даде оценка за претседателските избори во Украина по првичниот извештај на ОБСЕ за гласањето на изборите.