Македонската одбојкарска репрезентација денеска со почеток во 16 часот против Словенија го игра клучниот натпревар во борбата за второто место во групата А од квалификациите за Европското првенство 2015 година. По вчерашниот триумф над Летонија со 3:0 избраниците на селекторот Жарко Ристоски со победи во последните две кола ќе имаат шанса за да се изборат за второто место во групата и за баражот.
Но, ривалите (Словенија и Полска) се квалитетни репрезентации: Словенија е домаќин на вториот квалификационен турнир, додека Полска е лидер на групата и најверојатно учесник на ЕП.
Со денешниот ривал Словенија, нашата селекција на првиот квалификационен турнир во Вроцлав, Полска загуби со 3:2 во сетови.
На вториот натпревар денеска играат Полска и Летонија (почеток 19 часот).
Табела: Полска 10 бодови, Словенија 6, Македонија 4, Летонија 4.