Во Богданци ќе бидат изложени моштите на Св. Кирил

Од:

Во Католичкиот храм во Богданци, денеска на празникот на сесловенските апостоли и просветители светите Кирил и Методиј, првпат во Македонија ќе бидат изложени моштите на Свети Кирил.

Во овој католичкиот храм, кој го носи името на солунските браќа, ќе се одржи и света Архиерејска Златоустова литургија, која ќе почне во 10:00 часот.

Литургијата ќе ја предводи д-р Киро Стојанов, бискуп скопски и апостолски егзарх, а веднаш по неа ќе се одржи Молебен во чест на Светите Кирил и Методиј.

Секој добронамерен верник ќе има можност да се поклони пред моштите на свети Кирил.

Свети Кирил почива во базиликата „Свети Климент“ во Рим, а ова е еден од ретките сертифицирани примероци од неговите мошти.

Би можело да ве интересира

Германските трговци очекуваат слаба продажба за време на празничната сезона

Саграда Фамилија стана највисоката црква во светот

Арамии провалиле во манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ и го ископале подот

Во 2025 година пет продолжени викенди

Став на Мицкоски за случајот „Галате“: Ваков тип на инциденти ќе има и во периодот кој што следи

Жителите на Галате бараат мирно решение на случајот и се оградуваат од настаните

Горан Наумовски