Најновите статистички податоци од Европската комисија за искористеноста на средствата од европските фондови ја вброија Хрватска на последно место во Европската унија. Според последните официјални анализи за износите кои до сега се исплатени, Хрватска од 858 милиони евра ставени на располагање, во период од 2007 до 2013 година, искористила само 186 милиони евра.
Хрватска успеала да искористи само 21,7 отсто средства што е двојно помал процент од тој кој го оствари Романија како најслаба членка на ЕУ. Така Хрватска се наоѓа на дното на скалата со романските 36 отсто исплатени средства и Бугарија со 48 отсто исплатени средства, додека Португалија и Естонија се на самиот врв на листата со над 80 отсто исплатени средства.
Три пати сме полоши
Според оценката на ЕК тој процент за искористеност на средствата на европско ниво е три пати поголем од хрватскиот и изнесува 67 отсто. Посебно загрижува фактот дека во финансискиот период од 2014 до 2020 година на Хрватска по пат на структурните фондови ќе бидат достапни многу поголеми износи, во просек милијарда евра годишно, додека нешто помал износ не успеа да искористи во периодот од 2007 до 2013 година. Иако тој процент до 2016 до кога трае исплатувањето на средства ќе се зголеми, и иако оваа споредба помалку е специфична бидејќи Хрватска во наведениот период користеше помали парични средства од претпристапните фондови, а останатите членки поголеми средства од структурните фондови, наведените податоци укажуваат на тоа дека Хрватска е целосно неподготвнеа за повлекување средства од европските фондови.
Пречките со кои Хрватска се сретнува во повлекувањето на средства се многубројни. Многу критики доаѓаат и од самата ЕК за хрватските стратешки документи кои се темел за повлекување на средства од европските фондови. На виделина доаѓаат неспособноста и незнаењето при стратешкото планирање и пишување на стратешки документи каде се гледа немање на јасна стратегија. Критиките најчесто се упатуваат на преопштите стратешки документи кои не се бават со решавање на основните проблеми, па поставуваат широко дефинирани и премногу општи цели и приоритети.
Несоодветното стратешко планирање се гледа и на локално ниво кое е неподготвено за спроведување на проекти и повлекување на средства од европските фондови. Проблеми се појавуваат и кај доцнење во добивање на акредитации, односно потврди од ЕК дека системот за управување со фондовите е целосно усогласен, што дополнително го успори користењето на средствата. Голем проблем на Хрватска кој придонесува за доцнење е и неликвидноста, со оглед дека Хрватска во ЕУ мора да ги суфинансира проектите.
Ако продолжат таквите негативни трендови за недоволно повлекување на средства од европските фондови, може да се појави состојба во која Хрватска би била нето уплатувач во европскиот буџет. Досегашната состојба покажа дека постои голем интерес меѓу претприемачите за повлекување на бесповратни средства од ЕУ, но воедно се покажа и дека администрацијата не била подготвена ни соодветно да одговори на искажаниот интерес.
Дополнителна пречка е и неусогласеноста на условите на приликите во Хрватска што покажа последниот тендер за малото и средно претприемаштво како и туризмот. Изостана и комуникацијата со претприемачите па така, наспроти големиот интерес, многу претприемачи целосно беа неинформирани за можностите за финансирање на сопствените дејности со бесповратни средства кои ги нуди Европската унија.
Во медиумите честото повлекување на средствата од европските фондови се наведува само во рамки на големи инфраструктурни проекти, а недоволно како прилика за малите и средни компании да ги суфинансираат своите деловни идеи. Претприемачите на бесповратните средства често гледаат како на можност со која би ги финансирале нивните желби не сфаќајќи дека се работи за сериозна и ригорозна низа на услови кои треба да се исполнат во целост. Иако претприемачите на повеќето наведени пречки во повлекување на средства од европските фондови не можат директно да влијаат, треба што повеќе да се информираат за општите услови за добивање на бесповратни средства.
Подготовка на проект
Како најчести услови кои пријавувачите мора да ги исполнат се наведува седиштето на компанијата во Република Хрватска, мнозинската сопственост над компанијата, усогласеноста со поддршката со мала вредност, подмирените обврски кон државата и вработените и слично. Најважна компонента е секако подготвеноста на самиот проект и квалитетот на проектната идеја. Проектната идеја треба детално да се разработи, да се размисли за целите на проектот, како и за тоа што треба со него да се постигне и какво влијаније ќе има неговото спроведување. Честа грешка кај пишување на проектните пријави е неусогласеност на целите и приоритетите на проектот со целите и приоритетите на тендерите како и немање на меѓусебна поврзаност на целите, активностите и резултатите што проектот го прави неизводлив.
Треба да се размисли за релевантноста на проектот и за крајните корисници на неговото спроведување, т.е. на целните групи. Ако проблемите кои се решаваат во проектот и начинот на кој ќе бидат решени не се детално опишани и не се доведени во врска со целите и активностите на проектот, т.е. ако објаснувањето е премногу општо, оправданоста на проектот останува под знак прашалник. Ако целните групи преопшто се дефинирани и не е реално дека ќе бидат зафатени со проектот, проектот губи на веродостојност.
Понатаму, треба да се усогласи проектот со националните и европските стратешки документи. Исто така, важно е да се најдат сопствени средства за суфинансирање на проектот, сметајќи дека суфинансирањето на ЕУ речиси никогаш не е сто отстотно. Кај пишувањето на проектот важно е да се предвидат потенцијални ризици и проблеми со кои реализацијата на проектот може да се сретне. Поради тоа, треба да се разработи алтернативен план кој би се користел ако проектот наиде на можни претпоставени пречки.
Важно е проектите кои се пријавуваат да ја генерираат додадената вредност, а не само финансиката добивка на претприемачот. За да се избегнат техничките грешки и да помине административната проверка, треба да се подготви целата наведена документација, пропишана во тендерот, сметајќи дека секоја административна неусогласеност резултира со отфрлување на пријавата.
И за крај, но не помалку важно, мора да пости силна волја кај претприемачот и одлучност, проектот да се спроведе во целост, почитувајќи ги Договорните обврски, како што треба и да се уреди работењето на компанијата со цел за што полесно спроведување на проектот.
Авторката е сопственичка на консултантската куќа Логичка матрица д.о.о.