(ВИДЕО) Шилегов: Управен донесе одлука по директива – СДСМ останува доследен на ставовите

Од:

Одлуката на Управниот суд е уште една потврда дека во Македонија нема институции, односно дека се е партија. Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се над правото, над законот, над Уставот, вели Петре Шилегов.

Очекувано, според него, уште еднаш се потврдија двојните аршини на власта и селективната примена на законите. Тоа што во 2011-та година важеше за ВМРО-ДПМНЕ сега не важи за никој друг.

Во Решението на Управниот суд воопшто не се земени предвид доказите кои што ги даде СДСМ. Тие не биле ниту предмет на оценка, додаде тој.

Партиската директива што ја спроведе Управниот суд ништо нема да промени. СДСМ останува доследен на ставовите. Не ги прифаќаме криминалните избори коишто ги спроведе Никола Груевски ниту пак ќе ја промениме одлуката за неприфаќањето на мандатите.

Правните игри на ВМРО-ДПМНЕ нема да ја решат политичката криза. СДСМ превзеде обврска пред граѓаните и ќе истрае во борбата за правда, почитување на законите и создавање на услови за одржување на фер и демократски избори, вели портпаролот на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Нов скандал во Владата – Јанушев поврзан со фирма во Бугарија?

СДСМ: Кочоска призна дека во буџетот нема пари, ќе има ли за плати и пензии?

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ветуваше подобар живот, а донесе поголема сиромаштија

Горан Наумовски

Опозицијата тврди: Буџетот е пред колапс, а животниот стандард во пад

СДСМ: Две години на економски неуспех, лажни ветувања и изолација