Седумгодишно дете паднало во бунар длабок 15 метри во напуштена куќа во Куманово, но пожарникари интервенирале навреме, успеале да го извадат по што е веднаш пренесено во болница. Дежурниот лекар не констатирал повреди и детето е пуштено на домашно лекување.
Како што информира полицијата, несреќата ја пријавил граѓанин вчера, во 19:45 часот.
Според СВР Куманово, детето си играло во дворот на напуштената куќа лоцирана меѓу булеварот „Трета МУБ“ и улицата „Перо Чичо“, се качило над даските со кои бил покриен бунарот и паднало. Полициските службеници излегле на местото на настанот, ја информирале Територијалната противпожарна единица чија екипа веднаш пристигнала до локацијата.