Следува писмо на една мајка до нејзиниот син:
Драго дете
Сега се уште не сум остарена, а кога ќе ме видиш таква биди трпелив со мене и обиди се да ме разбереш. Доколку се извалкам за време на ручекот и доколку не можам сама да се облечам биди трпелив…
Сети се само на часовите, кои ги потрошив додека на тоа те научив…И доколку во разговорот ги повторувам истите работи, немој да ме прекинуваш сослушај ме…
Кога беше мал, морав истата приказна да ти ја читам постојано, пред да потонеше во сон…
Доколку не сакам да се капам, не ме исмевај и не ме навредувај.
Сети се како морав да те „уловам“ и да измислувам милион причини, за ти да влезеш во кадата…
Кога ќе го забележиш моето непознавање на новата технологија, дај ми време и немој да ме гледаш со потсмев на лицето…Јас тебе те научив на многу работи: правилно да јадеш, правилно да се облекуваш, да се соочуваш со животот…
Доколку некогаш во текот на разговорот ја загубам или заборавам суштината, дај ми малку време, да се потсетам и доколку тоа не ми тргне од рака, немој да се вознемируваш…Не ми е најважна работа на светот нашиот разговор, туку тоа дека сум со тебе и дека знам дека ме слушаш…
Доколку не сакам да јадам, немој да ме принудуваш. Самата знам најдобро кога ми е потребна храната, а кога не…Кога уморните нозе повеќе нема да ми дозволуваат да одам, пружи ми рака, како што јас ти ја пружав на тебе кога ги правеше првите чекори…
И доколку некогаш ти кажам дека повеќе не сакам да живеам, дека сакам да умрам немој да ми се лутиш, еден ден ќе ме разбереш. Еднаш ќе сфатиш дека и покрај сите направени грешки ти посакував само најдобро и се обидував да те подготвам за патувањето низ животот…
Не се растажувај, не лути се и не се чувствувај беспомошно кога ќе ме гледаш таква покрај себе…Биди ми потпора, помогни ми да го завршам патувањето со љубов и трпеливост.
Ќе ти возвратам со насмевка и со неизмерна љубов, која отсекогаш ја чував само за тебе.