Mинистерот за надворешни работи на Нигерија, Олугбенга Аширу, изјави дека Нигерија не го признала Косово, и дека Нигерија никогаш не донела таква одлука.
По демантот дека Мали го призна Косово, ова е втор случај кога заменикот премиер на Косово се фали со непостоечки признавања, пишуваат српските медиуми.
Косовскиот премиер Хашим Тачи, рече дека со свои очи видел писмена изјава за признавање на Косово од страна на Мали, потпишана од претседателот на таа држава, а изјавите кои следувале, биле работа на Мали.
Српските медиуми јавуваат и дека е нејасно и дали Уганда го признала Косово, бидејќи нема официјална нота за признавањето.
До сега 90 држави го признале Косово.