Женската ракометна кадетска репрезентација на Македонија денеска ќе ги добие противниците во групата за Светското првенство што од 20 јули до 3 август ќе се одржува во Македонија.
Натпреварите од првата фаза ќе се играат во Охрид (две групи), во Скопје и во Струмица. Првите четири репрезентации од секоја група ќе ги продолжат натпреварите во осминафиналето.
Репрезентациите учеснички, вкупно 24, се поделени во шест „шешири“ по 4 селекции, а Македонија е во третиот.
„Шешир“ 1: Шведска, Русија, Данска, Португалија.
„Шешир“ 2: Црна Гора, Романија, Норвешка, Кореја.
„Шешир“ 3: Македонија, Хрватска, Јапонија, Казахстан.
„Шешир“ 4: Унгарија, Германија, Бразил, Франција. „Шешир“ 5: Ангола, Узбекистан, Парагвај, Тунис. „Шешир“ 6: Аргентина, Кина, Конго, Холандија.