Последни три натпревари за македонските одбојкари во квалификациите за ЕП

Од:

Машката одбојкарска репрезентација на Македонија, од денеска до недела во словенскиот град Стожице ќе ги одигра последните три натпреварите од квалификациите за ЕП кое во 2015 година ќе се одржи во Италија и Бугарија.

Минатата седмица во Вроцлав, Полска, во првиот круг од квалификациската група 1, нашите одбојкари беа поразени во три средби со што ги загубија шансите за пласман на континенталниот шампионат.

Во првиот натпревар денеска од 20 часот македонските одбојкари ќе играат против селекцијата на Летонија.

Во сабота од 16 часот закажан е дуелот со домаќинот Словенија, а циклусот квалификации одбојкарската репрезентација на Македонија ќе го заврши во недела од 16 часот во дуелот против фаворитот Полска.

Табела: Полска 9 бодови, Словенија 4, Летонија 4 и Македонија 1.

Би можело да ве интересира

Одбојкарите на Струмица поразени во првиот натпревар во Лигата на шампиони од Олимпијакос

Србија и Хрватска заеднички организатори на Светско првенство

Предраг Петровиќ

Италијанските одбојкарки го освоија златниот медал на Олимписките игри во Париз

Француските одбојкари ја совладаа Полска и го одбранија златниот медал

Српската репрезентативка преживеала пекол: Прво ја нападнале со ножеви, па и ставиле пиштол на глава

Предраг Петровиќ

Нов инцидент во Турција: Одбојкарки однесени во болница по нападот на навивачите

Предраг Петровиќ