Лирија – МЗТ Скопје службено 0:20 за шампионот

Од:

Натпреварот од кошаркарскиот плеј-оф (полуфинале) меѓу Лирија и МЗТ Скопје Аеродром што требаше да се игра вечерва, нема да се игра и се регистрира со службени 20:0 за екипата на МЗТ Скопје Аеродром.

Согласно пропозициите за натпреварување (член 9.5) и Службените кошаркарски правила (член 20.1,20.2.1 и 20.2.2) полуфиналниот плеј-оф натпревар се регистрира со службен резултат 20:0 во корист на екипата на КК МЗТ Скопје Аеродром. Екипата на КК Лирија ја губи полуфиналната плеј-оф серија. Ова е официјално објавено во билтенот на МКФ за сениорските кошаркарски лиги.

Причина за ваквата одлука на Комисијата за натпреварување е тоа што управата на КК Лирија не успеа да обезбеди адекватна сала каде што би се одиграл натпреварот, откако не доби термин во салата на КК Вардар, во која сезонава играа како домаќини.

По ваквиот исход тимот на МЗТ Скопје Аеродром е првиот финалист во плејофот и ќе го очекува победникот од мајстроката меѓу Работнички и Кожув што се игра утре (петок).

Би можело да ве интересира

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

Најнов „пресек“: ФИБА ја објави ранг листата – Србија втора во светот

Предраг Петровиќ

Мицкоски: Награда од три милиони денари за кошаркарите кои освоија злато на Европското првенство

Летонците и го украдоа првото место на Србија – нова шлаканица за САД

Немирна ноќ во Берлин – тепачки меѓу навивачите на Панатинаикос и Олимпијакос