МВР со детали за синоќешното убиство и самоубиство во Аеродром

Од:

Мажот што синоќа уби жена пред зграда во Реонски центар во Аеродром и потоа се самоуби бил во љубовна врска со неа. На убиството и самоубиството им претходела вербална расправија, соопшти денеска МВР.

Според полицијата, Горан С. (42) синоќа околу 20:30 часот на булеварот „Видое Смилевски Бато“ во преминот меѓу првиот и вториот влез од зградата број 10 со два истрела од пиштол, сопственост и со дозвола за поседувањена неговиот татко, ја убил Адријана С.(38) од Штип, а потоа се самоубил.

– Во критичниот период, Адријана, која била во љубовна врска со Горан, со возило дошла на местото каде се случило убиството и самоубиството и го паркирала на паркингот недалеку од зградата број 10, каде требала да оди на роденден кај нејзина пријателка. Со сопствено возило на истиот паркинг пристигнал и Горан и го паркирал недалеку од возилото кое го управувала Адријана. Кога се сретнале на паркингот меѓу нив настанала вербална расправија, која траела цело време додека се движеле кон зградата број 10. Кога стигнале во преминот под зградата, помеѓу првиот и вториот влез, Горан, најверојатно, со два истрела ја убил Адријана, а потоа со истиот пиштол се самоубил, информира МВР.

Настанот, во Центарот за управување и команда е пријавен случаен минувач, додека лекар на Итна медицинска помош ја констатирал смртта. На местото на настанот од страна на полициски службеници на СВР Скопје е извршен увид, со кој раководел Јавен обвинител, при што се подигнати три испукани чаури од куршуми и еден пиштол марка „Взор“ 70, калибар 7, 62, со два неиспукани куршума во рамката и еден неиспукан куршум во цевката.

По извршениот преглед на починатите од страна на обдуцент, телата се пренесени за обдукција во Институтот за судска медицина.

Би можело да ве интересира

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски