Во Изложбениот салон – Империјал 2 на Културно Информативен Центар – Скопје вечер ќе биде отворена изложба на слики од академскиот сликар Владимир Илиевски.
На изложбата која ќе трае до 5. јуни, ќе бидат изложени 30 дела, масло на платно.
Илиевски има реализирано шест самостојни изложби од кои пет во Македонија и една во Бугарија, а учествувал и на повеќе групни изложби во Македонија, Хрватска и Грција.
Добитник е на три национални и една меѓународна награда.