Швеѓаните, општо земено, се чувствуваат се подобро, покажува годишната студија на Шведскиот институт за народно здравје, која се базира врз анкети со 20.000 шведски граѓани на возраст 16-84 години.
Бројот на пушачи во Шведска постојано се намалува. Денес пушат 11 отсто од населението, во споредба со 13 отсто во 2010 година и 16 отсто во 2004 година.
Извесен пораст на бројот на пушачите се забележува кај младите Швеѓанки, а во исто време се засилуваат и повеќе други негативни трендови. Пред се, кога станува збор за зголемување на вишокот на килограми кај населението.
Најмладата возрасна група, 16-24 години, се помалку се движи во слободното време и секој петти млад маж и жена сега имаат прекумерна телесна тежина.
Направивме напори да создадеме општество каде што не мораме да се напрегаме, вели Пиа Линдеског, една од авторите на студијата.
Лани 36 отсто од Швеѓаните имале прекумерна телесна тежина со индекс на телесна маса (БМИ) меѓу 25,0 и 29,9, а 13 отсто биле во категоријата на гојазност, со БМИ преку 29,9.