Бурна реакција на Штајнмаер на предизборен митинг

Од:

Шефот на германската дипломатија Франк-Валтер Штајнмаер бурно реагираше на еден предизборен митинг на неговата Социјалдемократска партија на Германија (СПД), кога демонстранти од левичарски организации почнаа да извикуваат „воен поттикнувач“, алудирајќи на неговиот однос кон украинската криза.

Како што јавија германските медиуми, на митинг на СПД во Берлин дошле и претставници на левичарски групи и приврзаници на верувањата во теориите на заговор, кои почнале да извикуваат: „Запрете ги нацистите во Украина“ и „Подалеку од ЕУ и НАТО“.

– Морате да размислите кој е овде воен поттикнувач. Тој кој цело едно општество го квалификува како фашисти, тој е воен поттикнувач и тој иницира конфликти, изјави видно вознемирен Штајнмаер, кој важи за човек кој може лесно да биде испровоциран.

Снимката од говорот на Штајнаер на митингот во Берлин за кусо време стана хит на интернет.

Критичарите му забележуваат на германскиот министер за надворешни работи дека во текот на својата последна посета на Украина доживал „дипломатски неуспех“.

Би можело да ве интересира

Германско државјанство нема да добијат оние кои објавуваат: „Израел е убиец на деца“

Русија се вооружува: „Украина е само почеток“

Германија: Нема да ги укинеме ограничувањата за употреба на западно оружје со долг дострел

ВИДЕО: Полицајци во Берлин бркаат и приведуваат дете со палестинско знаме, снимката предизвика реакции

Катерина Ѓуровски

Тепачка во трговски центар во Германија, еден ранет, неколкумина повредени

Падна првиот снег

Предраг Петровиќ