Поради големиот број жртви од катастрофалните поплави во Србија, српската Влада вчера прогласи тридневна жалост на 21, 22 и 23 мај.
Согласно Законот за ден на жалост предвидено е знамињата да се спуштени на половина копје, а на спортските и културните манифестации да им се одаде почит на настраданите со едноминутно молчење.
Електронските медиуми се должни да ја усогласат програмата, а весниците да бидат испечатени во црна боја.
Денот на жалост не може да трае подолго од три дена, а за кршење на одбележувањето предвидени се парични казни.
На територијата на Србија досега се евакуирани 31.873 лица од загрозените подрачја, поплавени се 2.260 објекти, а загрозени се уште 1.763, соопшти синоќа Министерството за внатрешни работи на Србија.