Германската канцеларка Ангела Меркел ја повика Русија да ги признае резултатите од претстојните претседателски избори што ќе се одржат во Укрaина на 25 мај, јави ИТАР-ТАСС.
– Признавањето на изборните резултати од Русија е од клучно значење, изјави Меркел во Бундестагот.
Ситуацијата во Украина пред изборите во недела дава основа за надеж. Гласањето би можело да се спроведе во сите делови на земјата. Смирувањето на ситуацијата во некоја мера помага за дијалог на „округла маса“, истакна Меркел.