Тројца припадници на Дреничката група побегнаа од болница во Приштина

Од:

Тројца поранешни припадници на т.н. Дреничка група на ОВК притворени поради обвиненија за воени злосторства на Косово, побегнаа од болница во Приштина, каде биле на лекување, потврди денеска вршителот на должност на корективната служба на Косово Шемси Хајризи, јави Танјуг.

Хајризи потврди за косовски медиуми и за Радио Слободна Европа (РСЕ) дека Сами Луштаку, Исмет Хаџа и Сахит Јашари побегнале.

Косовски медиуми јавуваат дека полицијата не можела да ги најде во собите на КБЦ Приштина Луштаку и останатите двајца.

Од петнаесет обвинети од Дреничката група, седум беа во притвор од 31 мај минатата година.

Припадниците на Дреничката група се обвинети за воени злосторства врз цивилно население, вклучувајќи тортура, злоставување и убиства за кои се претпоставува дека се извршени во наводниот центар за притвор на ОВК во селото Ликовце во 1998.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Во Брисел знаат која страна го кочи напредокот во дијалогот меѓу Белград и Приштина

(ВИДЕО) Шпанците уапсија нарко-бос од Косово, во рацијата уапсени се 10 лица

Горан Наумовски

Србија повторно ќе испрати барање за враќање на 1.000 српски војници и полицајци на Косово

Предраг Петровиќ

Вучиќ утре ќе се изјасни, на маса и опцијата за прогласување окупација на дел од територијата на Србија

Предраг Петровиќ

Четворица млади Срби на рочиште во северниот дел на Косовска Митровица

Специјалното обвинителство во Приштина го објави обвинението против 45 лица за вооружениот конфликт во Бањска