Министерот Џафери на меѓународна конференција во Тирана

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија, Талат Џафери денеска учествуваше на 17-тата меѓународна конференција насловена „НАТО – 20 години партнерство за евро-атлантска и меѓународна безбедност“, што се одржува во Тирана, Република Албанија, во организација на Атлантскиот совет на Албанија и НАТО одделот за јавна дипломатија.

На оваа годишна конференција, соопшти денеска МО, фокусот е ставен на важноста од партнерствата и нивната круцијална улога за мисиите на НАТО во поддршка на мирот и безбедноста.

Министерот Џафери се обрати на втората сесија од оваа конференција на тема „Авганистан – светол пример на успешно партнерство“, при што се осврна на партнерската политика на НАТО и на придонесот на Република Македонија во партнерската политика на Алијансата.

– Партнерството за мир ни овозможи здружено и заедно да се соочиме со бројните предизвици на нашиот пат кон полноправно членство во Алијансата и доследно со заеднички ресурси да одговориме на сите предизвици, рече Џафери.

Тој потенцирал дека Република Македонија, преку макотрпна работа, се докажа како значаен придонесувач во градењето и поддршката на мирот, безбедноста и стабилноста не само во евроатлантската област, туку и пошироко.

На конференцијата во Тирана учестуваше и помошникот на генералниот секретар на НАТО за јавна дипломатија Колинда Грабар Китаровиќ.

Би можело да ве интересира

Германската влада ја зајакнува воздушната одбрана на источното крило на НАТО

Хегсет предупредува на непосредна закана од Кина, побара поголеми трошоци за одбрана

Шпанија e под притисок: Мора да троши повеќе на одбрана

Елфет Исмаили нова заменик министерка за одбрана

МО: Насковски уште во мај 2023 година е разрешен од функцијата претседател на синдикалната организација НСПВ

НСПВ: Министерството за одбрана ја сопре членарината на синдикатот и на тој начин го оневозможува синдикалното делување

Горан Наумовски