Социјалните мрежи станаа неизбежни, а децата кои не ги користат се чуствуваат изолирано. Овој вид на комуникација во образованието има многу предности, ја јакне блискоста со другарите, ја олесува организацијата и соработакта на школските проекти, но сепак многу работи можат да тргнат во погрешна насока.
Детето лесно може да наиде на неадекватни содржини затоа е важно родителот да го научни правилно да ги користи социјалните мрежи.
Експертите советуваат родителите да креираат профил на мрежата и да станат виртуелен пријател на своето дете. Така родителот ќе може да има увид во тоа што детето гледа, слуша, сака и какви содржини испраќа до другите. Сепак родителите не треба да ставаат никакви коментари за да не го застрамат своето дете.
Родителите треба да бидат пример за своите деца, бидејќи ако тие се постојано на социјалните мрежи тоагаш детето ќе го следи нивниот пример.
Родителите треба да му забранат на детето допишување со пријателите преку компјутер во доцните часови. Компјутерот треба да се држи во дневната соба за да може да се контролира неговото користење.