Најмалку 10.000 луѓе се раселени од своите домови од почетокот на укрианската криза, а најпогодена е заедницата на кримските Татари, објави денеска агенцијата на Обединетите нации за бегалци (УНХЦР).
– Раселувањето во Украина почна пред референдумот на Крим во март и оттогаш постепено се зголемува, изјави Адријан Едвардс од УНХЦР.
– Поголемиот број на раселени по потекло се Татари, иако локалните власти објавија дека неодамна се зголеми и раселувањето на Украинците, Русите и мешаните семејства, истакна Едвардс.
Тој наведе дека поголемиот број од 10.000 луѓе се интерно раселени.
– Бројот на Украинци кои бараат азил во другите земји и понатаму е мал, посочи Едвардс.