Ракометарите со хуманитарни акции за поплавените од Србија и БиХ

Од:

Македонските ракометари и ракометарки на „Вардар“ и ракометниот клуб „Металург“ се вклучуваат во хуманитарните акции за помош на настраданите од поплавените подрачја во Србија и Босна и Херцеговина.

Дел од ракометарите и ракометарките на „Вардар“, меѓу кои беа Стојанче Стоилов, Филип Лазаров, Страхиња Милиќ, Тимур Дибиров, Билјана Црвенкоска и Андреа Лекиќ денеска купија карти за хуманитарниот концерт кој ќе се оддржи на 28 мај во СЦ „Борис Трајковски“. На концертот ќе настапат голем број македонски ѕвезди, а средствата собрани од овој хуманитарен настан ќе бидат наменети за помош на поплавените подрачја во Србија и БиХ.

Ракометниот клуб „Металург“ ќе организира хуманитарна акција пред и за време на натпреварите од ВИП Супер машка лига плеј оф меѓу Металург-Зомимак М и Металург Јуниор-Пролет 62. Цената на влезницата за двата натпревари ќе чини 100 денари, а средствата собрани од продажба на влезниците ќе бидат наменети за помош на настраданите од поплавите во Србија и БиХ.

Влезниците ќе можат да се набават од утре во сите продажни места на нашиот дистрибутер „КупиКартиЗаСе“, на билетарата во салата „Автокоманда“ и онлајн на www.kupikartizase.com

В четврток или во текот на целиот ден на одигрување на натпреварите, Металург организира хуманитарен пункт во сала „Автокоманда“. Сите хумани луѓе ќе може да донираат конзервирана храна, вода, средства за хигиена, храна за бебиња и пелени. Хуманитарниот пункт ќе биде отворен од 10 часот, а целата акција ќе заврши со завршување на натпреварот Металург Јуниор-Пролет 62. 

Би можело да ве интересира

Хрватите и Македонците казнети за фрлањето предмети на мечот со Холандија

Предраг Петровиќ

Спектакл во Вараждин: Македонија и подари бод на Унгарија

Горан Наумовски

ЕХФ: Франција и Германија ќе бидат домаќини на Европското првенство во ракомет во 2032 година

Србија остана без двајца селектори во ист ден

Горан Наумовски

Романса на теренот: Босанска ракометарка запросена по натпреварот во Белгија

Предраг Петровиќ

Вардар прв финалист на Струшкиот ракометен турнир