Серија земјотреси ја погодија Албанија по вчерашниот земјотрес со интензитет од 5,2 степени според Рихтеровата скала, предизвикувајќи паника кај граѓаните, јавија албанските медиуми.
Во Албанија вчера беа регистрирани уште шест земјотреси со интензитет од два до 4,1 степен според Рихтеровата скала.
Земјотресите не предизвикаа материјална штета, но граѓаните вчера и денеска не престојуваа во домовите поради страв од нови посилни потреси.
По вчерашниот земјотрес со интензитет од 5,2 степени со епицентар во близина на градот Балш во централна Албанија, беа оштетени голем број куќи, а престојувањето во нив е опасно.