(ВИДЕО) Јанкулоска: Осомничениот за убиството уапсен, се бара оружјето

Од:

19-годишниот Н.Е. од Грчец е осомничен дека е убиецот на Ангел Петковски од населбата Ѓорче Петров. Министерството за внатрешни работи денеска официјално соопшти дека осомничениот Н.Е. е уапсен а дополнително се вештачи неговата облека како и велосипедот кој се обидел да го украде.

Минстерката Јанкулоска на пресконференција соопшти дека причина за немилиот инцидент е неуспешна кражба. Откако осомничениот Н.Е. инаку познат на полицијата од претходно не успеал во намерата, Ангел со неговиот татко се пуштиле во потера по арамијата. Влегле во автомобил „Пежо“ и го забележале на паркингот кај Европската очна болница. Го паркирале возилото и се упатиле кон пешачката патека во близина на мостот кон Сарај.

Откако го забележале сега осмничениот Н.Е започнала вербална расправија, а осомничениот извадил остар предмет и му нанел смртоносен убод во десниот предел на градите на Ангел Петковски. Помош од Европската очна клиника побарал неговиот татко кој веднаш го однел таму, а потоа била повикана Итна помош која констатирала смрт.

„Тука започнала вербалната расправија, осомничениот во еден момент извадил остар предмет, најверојатно нож, и го прободел Ангел во пределот на десниот граден кош, по што избегал. Таткото го зел синот и тргнал кон очната болница да побара помош, но Ангел им подлегнал на повредите“, изјави министерката Гордана Јанкулоска.

По вчерашните нереди во Ѓорче Петров приведени се 18 лица од кои пет се малолетници. Јанкуловска за сите приведени најави дека се поднесени соодветни пријави.

Бојан Стојановски

Би можело да ве интересира

МВР: Граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами со лажни сообраќајки

Дисциплинска за двајцата полицајци од обезбедувањето на Сиљановска-Давкова кои рекле дека „поршетo“ е на МВР

Горан Наумовски

Уапсени се тројца чешки државјани, кај нив пронајдени се стари монети

А1он

Притвор за 64 годишник од Македонски Брод за допирање и бакнување малолетничка

А1он

Казнет возачот на „поршето“ непрописно паркирано во Дебар Маало, внатрешна контрола го проверува полицаецот што беше на настанот

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава за полициски службеник од СВР Охрид, пронајдена му е дрога на работното место