Утре во Мобилна галерија „Homo Natura – Homo Technologicus“

Од:

Втората изложба што ја организира Центарот за современи уметности во новата Мобилна галерија ќе се отвори утревечер со почеток во 20 часот. Се работи за изложба на фотографии од Наташа Гелева, насловена „Homo Natura – Homo Technologicus“

„Човекот е производ на природата а технологијата е производ на човекот, но во сè поголемиот технолошки прогрес, човекот ја заменува природата со производите на технологијата, создавајќи нова, артифициелна животна средина. Со тоа човекот ја изразува својата, во суштина парадоксална природа, како единствен „продукт“ на природата што креира артифицелна средина за себе. Фотографиите oд серијата Homo Natura – Homo Technologicus го испитуваат тој однос природно-артифициелно и парадоксалноста која произлегува од контрадикторностите содржани во човековото суштествување. Тие доловуваат една пост-апокалиптична атмосфера и се реакција на претераниот конзумеризам, кој е производ на натрупување на материјалните добра. Тука се прави спој на фасцинацијата со човечкото тело и естетиката на искористени и отфрлени предмети. Човекот во својата самодоволност третира сè како потрошливо, и природата и нејзините ресурси, и алатите и технологијата, па дури и луѓето. Но во овој свет на брз конзумеризам забораваме да помислиме што ќе се случи кога ќе потрошиме сè. Затоа преку овие фотографии, кои се снимени на отпад се испраќа еколошка порака дека е време да се почне да се размислува за рециклирање, она што поголемите земји веќе одамна го имаат започнато. Еден од дискурсите на оваа изложба покрај ангажираната порака е и спојот на убавото и грдото. Убавото изразено на класичен начин преку женското тело и лице и отпадот како симбол на грдото коешто на еден неконвенционален начин е исто така и убаво“, пишува во воведниот текст за оваа изложба.

Мобилната/Монтажна галерија на Центарот за современи уметности е поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско општество, кој го реализира Фондацијата Отворено општество – Македонија.

А.Б.

Би можело да ве интересира

Почина сликарот Таки Павловски

Ана Ололовска

Утре започнува шестото издание на мултимедијалниот фестивал ArtArea/Артерија

Ана Ололовска

Започна 15-та јубилејна Меѓународна графичка работилница „Софија“ во Богданци

Ана Ололовска

Зоран Попоски изложува на Месецот на дигитална уметност во Париз

Ана Ололовска

Изложба на проширено кино „Терански Фрагменти“

Ана Ололовска

Избрани четворицата финалисти за наградата ДЕНЕС за млад визуелен уметник до 35 години

Ана Ололовска