Се очекува зголемување на нивото на Дунав

Од:

Поради очекуваниот пораст на нивото на Дунав, градскиот Штаб за вонредни состојби ги повика жителите, во рибарската населба Орешац и Металор да го следат зголемувањето на нивото на Дунав и на време да се евакуираат.

Орешац и Металор се рибарски населби, каде што голем број живеалишта се изградени на столбови и на самиот брег на реката.

Во градот, особено долж железничката пруга покрај Смедревската тврдина се изградени два одбранбени насипи.

На Дунав кај Бездан, Нови Сад и Сланкамен, се очекува нивото на водата да ја достигне и границата на редовната одбрана од поплави, од денес до среда.

Републичкиот хидрометеоролошки завод во извештајот од понеделник, предупреди дека нивото на Дунав кај Земун, Панчево и Смедерево ќе биде во пораст и ќе се движи над границата за вонредна одбрана.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор