Мирна ноќ во поплавените региони во Србија

Од:

Во Шабац ноќта помина мирно, нивото на Сава е во опаѓање, а во Обреновац продолжи евакуацијата.

Српскиот Кризен штаб синоќа соопшти дека е сторено се што е потребно за зајакнување на најкритичните локации во селото Дреновац.

По седницата на Кризниот штаб, заменик-началникот Бобан Бирманчевиќ истакна дека ситуацијата е се уште тешка и оти со продолжувањето на работите се до полноќ, можеби би можело да се каже дека главната опасност поминала.

Во Шабац од вчера во сила е забраната за работа на угостителските објекти, со цел луѓето во поголем број да се отповикуваат на утврдувањето на насипот на Сава. Голем број млади лица работеа во текот на ноќта на полнење на вреќи со песок заради утврдување на насипите.

Во Обреновац во текот на ноќта продолжи евакуацијата, која почна во понеделникот, поради опасноста од излевање на Сава, кај Забрежје. До полноќ се евакуирани околу илјада лица, а потоа за три часа уште меѓу 200 и 300 лица. Новата фаза на евакуација почна во пет изутринава, со пристигнување на возила, кои во моментов го евакуираат населението од населбата Стублине.

Во Обреновац се уште има луѓе, кои одбиваат да се евакуираат и покрај апелите на надлежните, а моментално се работи на зајакнување на наспиот околу термоцентралата ТЕНТ А и Б.

Министерот за труд, вработување, боречки и социјални прашања Александар Вулин апелираше во текот на ноќта до граѓаните на Обреновац да се евакуираат од градот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор