ФОТО: Пожар, превртени возила во Ѓорче Петров

Од:

Голем чад од пожар во Ѓорче Петров. Огнот беше кај пазарот во општината, но по пристигнувањето на возилата на противпожарната заштита, беше изгаснат. Запалени се неколку дуќани, гори слаткарница.

Не може да се пристигне до местото, затворен е патот за возила во Ѓорче Петров. Стотици луѓе се на улиците револтирани од убиството на 18-годишното момче кои бесот го искажуваат низа населбата.

Полицијата е во огромен број и не дозволува на групата да се упати накај Сарај, каде избегале осомничените за убиството на 18 годишниот Ангел.

Момчето беше убиено со нож, кога ги стигна крадците на велосипедот од неговиот двор.

Еден од осомничените е приведен, а двајцата избегале накај Сарај, пред чиј влез има големи полициски сили.

На главната улица која поминува низ Ѓорче Петров има и едно превртено возило, запалени и превртени контејнери, искршени стакла.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Ниту една казна не може да ни го надомести синот, изјавија родителите на убиениот Ангел Петковски

Ана Ололовска