Познат идентитетот на убиеното момче во Ѓорче Петров

Од:

Ангел П. роден 1995-та година попладнево околу 17:15 часот е убиен во близина на Европската очна клиника во Ѓорче Петров.

Како што информира МВР, убиството е веќе расчитено, а убиецот Насер Е. е приведен.

Инцидентот се случил откако Насер Е. влегол во куќата на убиениот Ангел и одзел велосипед. Тоа го забележале Ангел и татко му поради што Насер Е. почнал да бега.

Потоа Анегел и татко му со возило почнале да го бркаат, а кога се доближиле кај насипот на Вардар продолжиле да го бркаат пешки. Ангел прв го стигнал при што дошло до физички контакт меѓу нив во кој бил смртно повреден.

Неофицијално момчето е убиено со два убоди од нож во срцето. Убиениот бил матурант во Средното медицинско училиште.

Фото: Канал 5

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Ниту една казна не може да ни го надомести синот, изјавија родителите на убиениот Ангел Петковски

Ана Ололовска

Тринаесет години затвор за обвинетиот во случајот со убиството на Ангел Петковски

Ана Ололовска

Судот го прифати предлогот на одбраната да има реконструкција на случајот Ангел Петковски

Ана Ололовска

Прегазено дете во Штип