Началникот на секторот за вонредни ситуации во Србија Предраг Мариќ изјави денеска дека најкритична е ситуацијата во Шабац, Мали Зворник и Шид.
– Во Мали Зворник се активираа свлечишта и речиси цела планина се движи кон Дрина, изјави Мариќ.
Тој додаде дека во тек е евакуација на повеќе од 8.500 луѓе од Шабац, каде реката Сава проби насип. Во тек е евакуација и во Шид, каде ситуацијата зависи од висината на поплавниот бран од Хрватска што се очекува во среда.
Спасувачки тимови од Русија, Белорусија, Австрија и Франција се префрлени од Обреновац во Шабац.