Вучиќ: Во Обреновац досега 13 жртви

Од:

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави денеска дека во Обреновац досега се забележани 13 жртви, и изрази надеж дека бројот на жртви „нема да биде катаклизмичен“, наспроти размерите на катастрофата.

Вучиќ истакна дека не разбира и оти се срами од луѓе кои сешто измислуваат и сакаат се најлошо за својата земја, јави Танјуг.

Вучиќ истакна дека обдукцијата на телата ќе покаже дали и колку од тој број на жртви се удавени, а колку починале од други причини.

– Во Обреновац се пронајдени 13 жртви, единствено можам да кажам дека ми е срам од луѓе кои се занимаваат со измислици и и посакуваат лошо на својата држава, рече Вучиќ.

Тој прецизираше дека пристигнале 635 пријави, дека се извршило увид на 451 адреса, информациите се проверуваат и оти сите биле лажни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор