Чачак: Волонтерка пронашла 2.500 евра и ги вратила на сопственикот

Од:

Деветнаесетгодишна волонтерка на Црвен крст, Сузана Вукиќ од Чачак при приемот на хуманитарна помош за загрозените од поплавите, пронашла 2.500 евра, кои што веднаш му ги вратила на сопственикот.

-Јас и уште дваесетина волонтери во магацинот сместувавме облека, која што пристигнуваше. Во вреќа во која што се наоѓаа женски работи видов една ќеса и мислев дека се работи за влажни марамчиња. Но, кога ја отворив видов штедна книшка со пари. Се работеше за голема сума на пари.

– Не се ни обидував да ги бројам, бидејќи ќе ме фатеше паника. Веднаш ја повикав координаторката-раскажува оваа матурантка на Машинско-сообраќајното училиште во Чачак.

suzanaVukic1

Кога парите биле изброени било откриено дека се работи за 2.550 евра, а сопственик на штедната кништа била жена од Чачак.

Веднаш повикале полиција, на која што и се предадени парите, а врз основа на податоците од документите, се пронајдени и наследниците, бидејќи жената не е повеќе помеѓу живите.

Сузана вели дека во ниту еден момент не размислувала што да направи со пронајдените пари.

-Веднаш помислив дека се работи за заштедени пари кои некој ги оставил за „црни денови“. Знам дека живееме во тешки времиња и дека можеби некој не би постапил вака. Јас не размислував ниту секунда, бидејќи тие пари не се мои и треба да бидат кај оној кој ги заработил-рече таа.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Поплави во Италија, снежна бура на Алпите, падна еден метар снег, градови се отсечени

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски

Изгласана новата Влада на Србија

Захарова за притисокот на ЕУ врз Србија: Евронацизмот повторно се раѓа пред нашите очи

Земјотрес во близина на Врњачка Бања

Мацут: Нашата надворешна политика мора да биде храбра и доследна, европската иднина е најдобриот одговор