Утре почнува пребројувањето на бездомните кучиња

Од:

Од утре почнува акцијата за проценка на популацијата на кучињата скитници на територијата на град Скопје, активност која Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) ќе ја спроведува во соработка со Кралското здружение за заштита на животните од суровост од Велика Британија.

Шест волонтери распоредени во три тимови, ќе ги пребројуваат кучињата скитници во 24 реони во главниот град.

Наредниве десеттина дена секој тим ќе врши пребројување во осум реони. Броењето на кучињата ќе се врши рано наутро, од 5:30 до 9 часот.

За реализација на оваа активност, Агенцијата денеска на волонтерите им подели мапи и чек листи кои ќе треба да ги пополнат при евидентирањето на кучињата.

Методологијата и начинот на извршување на процената на популацијата кучиња скитници ќе се врши во согласност со упатството на Светското здружение за заштита на животните.

Со пребројувањето ќе се врши и проценка на телесната кондиција на кучињата, а ќе се евидентира и тоа дали имаат повреди на екстремитетите или на кожата. Ќе се соберат и податоци за полот, за тоа дали се работи за куче скитник или за куче кое има сопственик но кое има пристап до улица и јавна површина, дали кучето е заловено од надлежното прифатилиште и е соодветно видливо обележано што е потврда дека е стерилизирано и вакцинирано.

Последна проценка на популацијата на кучиња скитници на територијата на град Скопје, Агенцијата за храна ја изврши во 2010 година. Спроведено е и истражување на јавното мислење во однос на домашните миленици и кучињата скитници.

По завршување на активностите за спроведување на второто пребројување на бездомните кучиња во Скопје, Агенцијата ќе направи и компаративна анализа во однос на податоците од спроведената проценка во 2010 година. Освен во Скопје, проценка на популацијата кучиња скитници и истражување на јавното мислење, Агенцијата за храна и ветеринарство има спроведено и во Тетово, Гостивар и Неготино.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината

СДСМ: Скопје најзагаден град, а власта на ВМРО-ДПМНЕ не презема ништо за загадениот воздух