Шест погрешни совети за родители

Од:

Покрај добрите совети родителите добиваат и погрешни. Овие совети би требало родителите да не ги применуваат.

Оставете го бебето да плаче додека не заспие

Кога детето е помладо од шест месеци пред спиење плаче со причини. Можеби е гладно, уморно, треба да се сменат пелените или сака да се гали. Малите бебиња не се свесни за причината на своите акции и не е можно тогаш да се разгалат. Плачењето на бебето пред спиење секогаш нешто значи.

Бело вино за болка при растење на забите

Најверојатно повеќе пати сте слушнале дека порано некои родители користеле алкохол за олеснување на болката на бебето при растење на забите. Можеби тоа помага, но и најмалата количина алкохол може да биде кобна кога е бебе во прашање. Постојат и други начини за ублажување на болката при растење на забите.

Делењето кревет со детето е сигурно

Спиењето на родителите и децата еден покрај друг е во ред, но едно е делењето на иста просторија, а друго делење кревет. Експертите поддржуваат бебето да спие во креветче покрај креветот на родителите во првите години од животот. Наведуваат дека тоа е силна врска и им помага на бебињата полесно да заспијат. Но, никако не го поддржуваат спиењето на бебето во ист кревет со родителите, затоа што тоа е опасно.

Дете само да ги открие своите интереси

Играњето со боиците може да биде постимулативно од вежбање на азбуката, но токму како што секој уметник треба да знае да си го напише името, така на секое дете му се потребни насоки – посебно во домот. Дозволете му на вашето дете да биде свое и открие некои работи под сопствени услови, но немојте да се плашите да преземете водство кога тоа е потребно.

Не го казнувајте дете

Ниту еден родител не сака да биде негативен и искрено казнувањето на детето не носи уживање. Но, децата мораат да разбрат дека некои акции имаат последици и дека преговарањето не помага секогаш. Ако сакате да го спречите лошото и опасно однесување понекогаш ќе морате да употребите повеќе од убедување. Одземање на некои привилегии како што е компјутерот или слични казни, на детето му се испраќа порака.

Зошто да платите дадилка кога имате телевизор

Изненадувачки голем број на родители мислат дека телевизорот е добар за децата. Сметаат дека попрактично е детето за викендот додека тие работат, да бидат пред телевизор отколку да ангажираат дадилка. Постојат и други опции од гледање телевизија и ангажирање дадилка. Секаде постојат вонучилишни програми кои нудат сигурност и кои се пристапни.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриен е страшниот мотив за смртта на цело семејство од Франција

ВИДЕО: Милиони луѓе мислат дека ова бебе е гениј

Ана Ололовска

Децата не сакаат општи прашања

Ана Ололовска

Смислата за хумор се развива во првиот месец од животот

Ана Ололовска

Децата „Алфа“ – новата дигитална генерација

Ана Ололовска

Најчестите митови за единците

Ана Ололовска