ВИДЕО: По критиките, „BBC“ направи интервју со Ѓоковиќ

Од:

Најдобриот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ во текот на настапот во Рим во повеќе неврати апелираше на собирање помош за настраданите во поплавите во Србија и БиХ, а откако упати критики до водечките светски медиумите, дека не отстапуваат доволно простор за овие настани, веднаш следеше нивна реакција.

„BBC“ го покани Ѓоковиќ да разговараат за поплавите, кои што го зафатија регионот.

-Во текот на целиот турнир сакав да ја подигнам свеста за тоа што се случува во мојата држава. Мислам дека не беше доволно застапено во меѓународните медиуми-изјави Ѓоковиќ за британскиот јавен сервис.

Тој раскажа дека луѓето страдаат, бидејќи ги губат своите домови, како и дека е најтешко во Обреновац.

-Има многу жртви, владата се уште не може да потврди колку се , бидејќи се е поплавено. Ова беше многу емотивна недела за мене, се радував поради успехот на турнирот, но од друга страна и покрај тоа што бев дел од натпреварувањето, сакав колку што можам да ја подигнам свеста во светските медиуми дека се работи за поплави какви што не се забележани во последните 130 години -наведе српскиот тенисер.

Тој нагласи дека не обвинува ниту еден меѓународен медиум, туку само сака да ја искористи својата положба и да привлече внимание за случувањата во Србија.

-Само тоа сакав да го постигнам. Најважно е да се каже, дека кога поплавите ќе се повлечат, ќе следат неколку месеци, можеби и години за опоравување. Должината на процесот ќе влијае од странската помош-заклучи Ѓоковиќ во интервјуто за „BBC“.

Е.Г.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Првиот човек на Валенсија одбива да поднесе оставка за грешките за време на поплавите

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

(ВИДЕО) Драматични сцени од Шпанија: Малага е под вода

Горан Наумовски

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

Санчез: Времето за политички дискусии за поплавите ќе биде по реконструкцијата