Милион денари од Центар за настраданите во поплавите во Србија и БиХ

Од:

Општина Центар донесе одлука да додели парична помош во износ од 1.000.000 денари за настраданите граѓани од поплавите во Република Србија и Република Босна и Херцеговина.

Одлуката ја донесоа едногласно сите советници.

„Доделуваме еден милион денари за настраданите. Средствата се од буџетот на општина Центар и се уплаќаат на посебна сметка на Црвениот Крст. Доделуваме парични средства бидејќи тоа беше сугестијата од Црвениот Крст на Србија и на БиХ и тоа им е во овој момент најпотребно. Овие средства ќе стигнат на вистинска адреса и ќе бидат мала помош за настраданите жители“, рече градоначалникот на Центар, Андреј Жерновски.

Благодарност до советниците и до општина Центар искажаа и од Црвениот Крст на РМ.

Sovet - Pomos za Srbija i BiH (1)

„Задоволни сме што општина Центар се обрати кај нас. Општина Центар е меѓу првите општини кои се понудија да издвојат парична помош за настраданите од поплавите. Жиро сметката на Црвениот Крст за помош на настраданите ќе биде отворена до 31ви мај“, изјави Валентина Колевска од Црвен Крст.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории