Посетата на американскиот заменик-претседател Џо Бајден на Кипар за Турција е позитивен чекор кој може да даде импулс на преговорите меѓу кипарските Грци и Турци за обединување на островот, објави „Хуриет дејли њуз“.
Шефот на турската дипломатија Ахмет Давутоглу истакна дека и другите членови на меѓународната заедница треба да го следат примерот на Бајден и да го посетат Кипар за да го поттикнат процесот.
Давутоглу истакна три важни точки за кипарскиот проблем – договарање на заедничка декларација за основните принципи според кои ќе се водат преговорите, започнување на официјални разговори и засилен меѓународен интерес за постигнување на решение.
Бајден ќе го посети Кипар на 22 мај.