„Се вратив од улицата Добри поток, која што четврти ден е отсечена од останатиот дел од градот. Таму има многу деца кои најверојатно имаат вирус и повраќаат“ – изјави одборничката на Крупањ, Весна Марјановиќ и додаде дека поради појавата на одрони има нови жртви.
Според неа населението добива хуманитарна помош, но доставата на лекови и останати најпотребни основни средства се уште доцни, но најголем проблем е појавата на вирус, кој се шири меѓу децата.
Поради дождот полицијата го затвори патот преку Текерич кон Крупањ.
Е. Г.